Петров: Никој не сака промена на името, но Грција може наредните 100 години да игра пинг-понг со нас

 

Човечка реакција е да не сакаш промена на името, никој од нас не сака. Но, ние имаме проблем, Грција нема. Грција може да продолжи вака наредните 100 години да игра пинг-понг со нас.

Ова во вечерашното издание на „Само вистина“ го изјави поранешниот генерален секретар на СДСМ, пратеник и градоначалник Андреј Петров, кој со заменикот
генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ Петар Богојески размени ставови и позиции околу процесот за името.

Според Богојески до решението мора да се стигне заеднички со опозицијата.

– После Букурешкиот самит на НАТО во Скопје немаше сообраќај три дена. Не ни треба повторно такво национално разочарување. Затоа, нема потреба од непотребно ширење на оптимизам и такво вознемирување на сите сетила на граѓаните – смета Богојески.

Тој истакна дека треба да се охрабри владата за напорите што ги прави во делот на надминување на прашањето за името со Грција и дека владата треба на тој план да покаже покаже поголема инклузивност кон опозицијата и сите останати чинители во општеството.

 

 

 

31.05.2018 - 23:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега