Кузмановска до Заев: Кажете дали ерга омнес прифаќате за сите предлози за името

 

На денешната седница за пратенички прашања, пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Кузмановска побара одговор од премиерот Зоран Заев зошто беше одбиен предлогот Илинденска Македонија, ако претходно беше потенцирано дека двајцата премиери постигнале договор за овој предлог, пренесува Макфакс.

-Зошто беше одбиен предлогот од грчка страна и дали тврдењето од Грција дека Македонија прифатила ерга омнес за  кој било друг предлог прифатлив за двете страни е точно? Различни министри различно кажуват. И клучното, дали ако веќе го направите ова, имаме гаранција дека ќе добиеме датум за преговори?, праша Кузмановска.

Премиерот Заев не одговори во однос на прашањето за севкупна употреба на  кој било друг предлог или тоа важеше само за Република Илинденска Македонија, како што претходно беше потенцирано. Во однос, пак, на прелогот Илинденска, Заев рече дека веќе не е во игра откако беше отфрлен од Грција.

-Убеден сум дека сме на пат кон можно решение. Шансите се огромни да добиеме датум со решение на спорот штo трае 25 години. До 20 јуни да се обидеме да најдеме решение, рече Заев на прашањето за гаранции за добивање датум за преговори со ЕУ ако се реши спорот со името.

 

 

 

31.05.2018 - 15:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега