За сите по 1 година условно - судот ги изрече пресудите за малата Александра

 

За сите по една година условно доколку во наредните 4 години не сторат дрго кривично дело. Вакви пресуди денеска донесе скопскиот кривичен суд за судијата Александар Бошњаковски, неговиот стин Стефан и сопругата Снежанка. Тие се осудени за одземање на малата Александра и за нејзино запуштање бидејќи подолг период ја држеле во трло во Маврово. Поранешниот врховен судија Александар Бошњаковски и неговиот син од денеска се ослободени од притвор. Ваков епилог доби неколкумесечната драма во која мајката Татјана не можеше да ја изврши судската пресуда според која, нејзината ќерка Александра требаше да живее со неа.
Дедото Александар и неговата сопруга пред судот се бранеа дека делата ги сториле поради преголема љубов кон внуката. 
Александра во моментов е со својата мајка и се обидува да ги положи предметите од прво одделение кои минатата учебна година ги прескокна бидејќи нејзините дедо и баба не ја пуштале на училиште.

13.09.2013 - 14:55

најчитано сега