ВИДЕО: Пронајден необичен вид ајкула која оди

Необичен вид ајкули биле откриени во источна Индонезија. Овие ајкули се специфични по тоа што со помош на своите тенки нозе одат по морското дно. Овој вид на ајкула е најтенок и е долг околу 80 сантиметри , а интересно е тоа што не е опасен за луѓето.

 Таа била пронајдена во близина на островот Халмахер, а тамошните власти се израдувале бидејќи ова може да им донесе повеќе туристи.

13.09.2013 - 14:38