Двајца малолетници крвнички претепани во автобуси на ЈСП

Двајца малолетници од Скопје биле крвнички претепани во два одделни инциденти во автобуси на ЈСП. 

Првата жртва на насилници, 16 годишниот П.С. од Стајковци, бил нападнат вчера од група насилници додека се возел во автобус на ЈСП со број 65. Инцидентот се случил околу 13:15 часот, додека автобусот возел во скопско Сингелиќ.

 

Вториот инцидент се случил само пет минути подоцна, во автобус на ЈСП со број 65. Овој пат, од група насилници бил нападнат 16 годишниот скопјанец К.Г., додека автобусот возел низ населбата Ченто во Скопје.

Полицијата трага по насилниците. На момчињата им е укажана лекарска помош.

13.09.2013 - 12:55

најчитано сега