Малолетно момче претепано во автобус во Скопје

Утринава во 00.30 часот во Полициската станица Гази Баба, 42- годишниот Љ.З од Скопје- вработен како возач во ЈСП, пријавил дека вчера околу 23 часот и 10 минути, додека возел автобус бр.65, неколку непознати лица во автобусот физички нападнале 16-годишно момче.

Од МВР велат дека сторителите се качиле во автобусот во село Стајковци и веднаш го нападнале момчето.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

 

26.05.2018 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега