Скопје: Му дошле на гости а тој со палка ги претепал, бремена жена тешко повредена

Триесет и осум годишниот Н.Ј. вчера пријавил дека тој и неговата сопруга 33- годишната Т.Ј биле физички нападнати од нивен роднина 31- годишниот Д.А од Скопје.

-Од 14.00 часот, пријавителот, неговата сопруга и двете малолетни деца биле на гости кај Д.А.. Околу 21.00 часот, Д.А. со палка почнал да го удира Н.Ј. и неговата бремена сопруга. Со возило на Итна медицинска помош, тие биле префрлени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што им била укажана лекарска помош и им биле констатирани тешки телесни повреди, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

26.05.2018 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега