Кина ќе ги проба македонските вина

 Македонските вина од пет винарии од денеска се презентираат на саемот што се одржува во Хефеи, главниот град на кинеската провинција Анхуи.

Саемот претставува можност за промоција на вината на Тиквеш, Сковин, Далвина, Дудин и Еземит пред 80 милионскиот пазар на оваа кинеска провинција.

Македонската делегација предводена од државниот советник во Министерството за земјоделство Перица Ивановски веќе оствари повеќе средби. На состаноците со помошникот министер на кинеското Министерство за земјоделство Нуи Дун, гувернерот на провинцијата Анхуи, Ванг Ксуејун и генералниот секретар на кинеската асоцијација на увозници и извозници на вино  CAWS, Ванг Ксувеи е договорено да се преземат нови иницијативи за продлабочување на соработката и подобрување на маркетингот на македонското вино на кинескиот пазар.

Активностите на овој саем се втора од трите планирани манифестации за годинава кои се предвидени во програмата на Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за организирано претставување на македонските вина на кинескиот пазар. 

13.09.2013 - 11:22

најчитано сега