Паркирал и ги оставил клучевите на брава - украден автомобил во Скопје

Во Полициската станица Ѓорче Петров,51-годишниот А.М од Скопје пријавил дека истиот ден околу 15:25 часот на улица „Воин Драшкоци“ непознат сторител го одзел неговото патничко возило „БМВ x5“ со скопски регистарски ознаки.

Сторителот влегол во незаклученото возило и со клучот кој бил на бравата го стартувал возилото заминал во непознат правец. На тој начин сторителот се стекнал со противправна имотна од 500.000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото, сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

25.05.2018 - 14:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега