Купувач предизвикал неред во маркет на Партизанска: Пцуел и ја нападнал вработената

Вработена во маркет на булеварот „Партизански Одреди“ вчера во 17:30 часот пријавила дека истиот ден во 17:15 часот поточно во маркетот била физички нападната од купувачот, 65-годишниот П.Т. од Скопје.

Тој влегол во маркетот и почнал да пцуе, по што дошол до неа и физички ја нападнал. Тој бил тргнат од други купувачи. 

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

 

25.05.2018 - 14:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега