Почнува судењето за „Генерал Мими“

Денеска стартува судскиот процес против 34 годишната скопјанка М.Џ позната уште како „Генерал Мими“ која се сомничи дека ветувала вработувања и големи плати во НАТО базата „Бондстил“ на Косово. Таа успеала да прелаже дури 12 лица и  да заработи околу 10.000 евра. 

Имено Мими на измамените граѓани им се претставувала како вработена во базата на НАТО, и им ветувала дека ќе им обезбеди административни работници, месари, собарки и слично. 

Во мрежата на „Генерал Мими“ се вплеткал и познат скопски бизнисмен, човек кој се занимава и со политика, а е сопственик и на една образовна установа.

13.09.2013 - 10:57
Фото: 
Фактор.мк