Македонија се најде на 75-та позиција на ФИФА листата

Светската фудбалска асоцијација –ФИФА ја објави најновата рејтинг листа според која Македонија го поправи својот пласман и се наоѓа на 75 место со 490 бодови.

Од противниците во квалификациската група за Мундијалот 2014 најдобро котира Белгија која е на 6.позиција, а во првата десетка е и Хрватска (10.место).

Најблиску до македонските фудбалери е шкотската селекција, Србите се наоѓаат на 43 место.

Покрај Белгија и Шкотска во првите десет се наоѓаат и Шпанија, Аргентина, Германија, Италија, Колумбија, Уругвај, Бразил и Холандија.

Следното рангирање ФИФА ќе го направи на 17 октомври.

13.09.2013 - 10:14
Фото: 
Журнал.мк