Руската морнарица праќа бродови во Сирија

Адмиралот на руската морнарница Виктор Чирков изјави дека Русија има намера да го засили своето присуство во Медитеранот во близина на брегот на Сирија со 10 бродови.

„Нашата задача е јасна, да избегнеме и најмала можност за закана по безбедноста на нашата земја. Ваквата пракса ја имаат сите морнарици ширум светот, да бидат таму каде тензиијата расте“, рече Чирков.

Во моментов во регионот на Медитеранот, во близина на Сирија се наоѓаат седум руски бродови, „Александар Шабалин“, „Адмирал Невелској“, „Пјересвет“, „Новочеркаск“ и „Минск“ од Црноморската и Балтичката флота, како и бродовите „Неустрашими“ и „Адмирал Пантелејев“

13.09.2013 - 09:52

најчитано сега