СДСМ: Платите растат, ВМРО-ДПМНЕ со лажни вести не може да го оспорат тоа

Криминалното и расипничко 11 годишно владеење на ВМРО-ДПМНЕ ги турна граѓаните и државата во сиромаштија и долгови.

Денеска кога ВМРО-ДПМНЕ се обидува да глуми загриженост и да шири неточни, лажни вести треба да и биде јасно дека е прочитана од граѓаните а демантирана од фактите.

Само последните три месеци од криминалното владеење на ВМРО ДПМНЕ донесоа пад на економијата од -1.3 отсто во првиот квартал од 2017 година. За само неколку месеци, успешните економски политики на владата на СДСМ придонесоа во последното тримесечие од 2017 година да има раст од +1.3 отсто.

Минималната плата порасна на 12.000 денари, се изедначи за сите индустрии и денес околу 90.000 семејства имаат повисоки плати. Тоа влијае и врз растот на просечната плата којашто според официјални податоци, во март 2018 година бележи раст од 5,6 отсто во однос на истиот месец од 2017 година.

Јавниот долг за првпат е намален по неколку години постојано зголемување, а намалена е и фреквенцијата на задолжување.

Фактите покажуваат дека промените носат економски напредок, раст, поголеми плати и подобар животен стандард за граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ останува заробеник на едно минато време и погрешни политики коишто граѓаните ги поразија. Опозициската партија се уште не може да собере сили да се реформира и да се профилира во сериозен, демократски политички субјект, со јасен политички профил и начин на дејствување.

Центар за комуникации на СДСМ

 

 

 

22.05.2018 - 18:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега