Масовниот убиец Брејвик стана студент

Норвешкиот масовен убиец Андерс Беринг Брејвик, кој е осуден за убиство на 77 луѓе во терористичките напади и масакрот во Осло и на островот Утоја во јули 2011 година, сега е запишан на студии на Универзитетот во Осло.

Андерс Беринг Брејвик неодамна беше префрлен од затворот „Ила“ кај Осло во друга казнено-поправна установа со висок ризик во Телемарк, каде што добил своја соба за учење.

Норвешката министерка за образование Кристин Халворсен доби остри критики кога неодамна рече дека правото на норвешките затвореници да студираат не се однесува на Брејвик.

Триесет и четири годишниот Брејвик го прекинал школувањето кога бил во средно училиште и почнал бизниз, но без голем успех. 

13.09.2013 - 09:24

најчитано сега