Време: Дожд ветер и грмежи

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со ретки грмежи. На места се очекуваат пообилни врнежи, особено во претпладневните часови. Ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи 10 до 18, а дневната од 18 до 28 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд особено претпладне, а ќе дува и умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 23 степени. 

13.09.2013 - 07:47