Хамас обучува египетски исламисти да прават автомобил бомби

 

Хамас обучува египетски исламисти како да поставуваат експлозивни направи во автомобили, објави денеска египетската државна телевизија.

Палестинското исламистичко движење, кое го контролира појасот Газа, се обвинува уште и за доставување 400 противпешадиски мини на египетски паравоени групи.

Поддржаниот од исламистичкото движење „Муслимански браќа“ претседателот Мохамед Морси беше соборен од власт од египетската армија во јули по што следеа масовни протести и немири низ земјата.

12.09.2013 - 23:12

најчитано сега