Жерновски го осуди апсењето на „паркобраните“

 

Градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски го осуди апсењето на „паркобраните“, на советник и директорот на ПОЦ во раните утрински часови.

- Акцијата на полицијата во утринските часови и апсењето на „паркобраните“, не врати во времиња за кои мислевме дека се минато. Двесте специјалци на 10 лица кои го бранеа паркот пред хотелот Бристол е доказ дека имаме работа со тоталитарна власт, изјави Жерновски.

Ова се случуваше во утринските часови, потсети тој, во исто време кога се носеше ДУП-от кој го овозможи уништувањето на зеленилото и никнувањето на барокна зграда, и во исто време, подвлече, кога се сечеа дрвјата позади Бристол.

Жерновски истакна дека продолжуваат и тој и Советот во битката во интерес на граѓаните. 

12.09.2013 - 15:30

најчитано сега