Анализа: Електроцентралите во Србија се најголемиот извор на загадување во Европа

Електроцентралите во Србија се најголемиот извор на загадување во Европа со сулфур-диоксид и еден од главните извори на загадување со честици од прав и азотен оксид, се вели во анализа на Европското движење во Србија. Тие емисии на штетни гасови влијаат врз жителите и економијата на државата и се чувствуваат и до низа држави од Европската унија, се предува во анализата на Европското движење во Србија.

Се додава дека е и алармантен податокот оти Србија е држава со најголема стапка на раст на смртност по рак на белите дробови во Европа во момент кога најголем број држави ја намалуваат смртноста од тој причинител.

Во заклучоците се известува дека „трошоците за животната средина и трошоците на остварување на обврските спрема ЕУ растат со тек на време“.

– Исполнувањето или неисполнувањето на обврските влијае на очекуваното траење на животот, болестите и продуктивноста на населението...Тие животни и јавни вредности се од непроценлива важност и би требало да претставуваат апсолутен приоритет на јавната политика. Таа околност треба да се земе предвид кај проценките од процесот на пристапување во ЕУ. Овде особено имаме предвид дека квалитетот на човечкиот живот нема вистинска економска цена, предупредува Европското движење.

12.09.2013 - 15:05
Фото: 
Нетпрес

најчитано сега