Алексиќ: Обвинението за Груевски во „Тенк“ е застарено и не треба да се гони

Во завршните зборови на случајот со набавка на блиндирано возило адвокатката Сања Алексиќ нагласи дека покрај тоа што не постојат докази за делото, обвинението е застарено бидејќи се поминати повеќе од три години од самиот предмет.

– Ќе зборувам и со јазикот на обвинителството и ќе тргнам од нивните тврдења па ќе истакнам дека со обвинителен предлог СЈО го терети обвинетиот Никола Груевски за кривично дело Примање награда за противзаконито влијание од чл 359 ст 2 од КЗ за кое е запретена казна затвор од една до три години. Од страна на обвинителството се доставија аудио материјали од незаконско следење на комуникации и со тонски запис од 26 февруари 2012 тагодина обвинителството тврди дека обвинетиот во разговор со женска особа бара набавка на возило на буквата М од каде прејудицира дека истиот побарал да се купи ново блиндирано ПМВ од марката Мерцедес. Согласно чл 30 од КЗ кривичното дело е сторено во време кога сторителот работел или бил должен да работи без оглед кога настапила последицата. Согласно чл 107 ст 1 т 5 од КЗ застареноста за гонење на предметното кривично дело настапува со протек на три години од извршување на кривичното дело. Согласно чл 108 ст 6 од КЗ застареноста на кривично гонење настапува во секој слчај кога ќе помине два пати онолку време колку што според закон се бара за застареноста на кривичното гонење, изјави адвокатката Алексиќ.

-Оттука со оглед дека е поминато повеќе од шест години од моментот за кој обвинителот тврди дека обвинетиот Никола Груевски го сторил кривичното дело кое му се става на товар евидентно е дека по вака презентираното обвинение настапила апсолутна застареност на кривичното гонење, додаде Алексиќ.

 

 

 

17.05.2018 - 14:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега