Брутална посмртница за мајка која цел живот си ги малтретирала децата

Оваа посмртница неодамна беше објавена во американски локален весник Рено Газет Џурнал.

 - Соопштуваме дека нашата мајка Мариен Тереза Џонсон Редик, родена на 4 јануари 1935 година во Ренo во Невада почина сама во својот дом на 30 август 2013 година. Надживеа шест од нејзините осум деца, кои целиот свој живот беа изложени на разни облици на физичко и психичко злоставување, почнува необичната посмртница објавена во локалниот весник Рено Газет Џурнал. 

- Додека беше жива ги запоставуваше и ги малтретираше своите мали деца и не дозволи ниту едно од нив да добие каква било шанса за нормален живот. Кога пораснале ги следела и им го загорчувала животот. Во животите на оние кои ги среќаваше, внесуваше злоба, насилство, криминал и вулгарност. Гаеше длабока омраза кон што и да наликуваше на добрина и хуманост.

Нејзините деца, кои ги изложи на својата злоба и насилен живот, го слават денот кога замина од оваа планета и се надеваме дека во задгробниот живот ќе ја стаса она што го заслужува. Нејзините преживеани деца сега остатокот од животот ќе го поминат во мир и со сознанието дека нивниот ноќен кошмар конечно заврши.

Повеќето од нас го најдоа мирот и задоволството во помагање на деца кои секојденвно се изложени на живот полн со насилство и злоставување. На овој начин уште еднаш сакаме да испратиме порака дека злоставувањето на оние најмалите и најслабите меѓу нас е нешто за што не постои простување. Тоа е нешто што не смее да се толерира во „хумано општество“, стои во посмртницата која освен во весникот објавена и во интернет изданието, но потоа е повлечена.

Интернет порталалот The Gawker истражи која всушнос била Мариен и дојдоа до интересно откритие. Се чини дека таа всушност во 1970 година печатела летоци за вработување во агенцијата која ја водела, а на која пишувало „Само за белци“. Со тие летоци сакала да предупреди дека вратата на нејзиното биро е затворена за други раси.

12.09.2013 - 14:27
Фото: 
Нетпрес

најчитано сега