Бесими се сретна со амбасадорите на земјите од ОБСЕ

 Вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими денеска во Скопје оствари неформална средба со амбасадорите на земјите членки на ОБСЕ.

Средбата се организираше во рамки на тридневната посета на Република Македонија, која претставува дел од редовните неформални амбасадорски посети на регионите каде ОБСЕ има свое присуство.

Целта на посетата, информираат од Секретаријатот за европски прашања (СЕП), е евалуација на досегашните активности на организацијата, развојот на регионот и односите меѓу државите, како и можностите за продолжување на соработката меѓу ОБСЕ и Република Македонија, согласно националните приоритети и интереси на земјата.

- Заменик претседателот Бесими ги информираше присутните за статусот на реализација на приоритетите од Пристапниот дијалог на високо ниво,  како и за останатите реформски процеси важни за евроинтегративниот процес, осврнувајќи се особено на активностите кои се преземаат  за слободата на изразување, изборниот процес, реформата на јавната администрација, имплементацијата на Охридскиот рамковен договор и намалувањето на невработеноста, соопшти СЕП.

На средбата беше истакната подршката од страна на земјите членки на ОБСЕ за процесот на пристапување на Република Македонија во ЕУ и НАТО, задоволство од постигнатите резултати, а воедно земјата беше охрабрена да продолжи со натамошното спроведување на Охридскиот рамковен договор и унапредувањето на меѓуетничките односи.

Вицепремиерот Бесими се заблагодари на досегашната помош на ОБСЕ во областите од нејзина надлежност, а како области каде соработката би можела да продолжи беше посочена изборната реформа, унапредувањето на меѓуетничките односи и процесот на помирување, реформата на полицијата и казнената политика, заштитата од дискриминација,...

12.09.2013 - 14:36
Фото: 
миа

најчитано сега