Научниците открија вакцина против ХИВ вирусот?

Американските научници ја создадоа првата вакцина која создава зефикасна аштита од вирусот ХИВ. 

Според извештајот истакнат во списанието Нејчр, вакцината била делотворна кај 9 од 16 тестирани мајмуни. Така, сега научниците ќе се трудат да создадат вакцина која ќе може да се применува и на луѓето.

Професорот Луис Пикер истакнува дека е тешко да се потврди дека вакцината целосно го отстранила вирусот, но сепак може да се каже дека во телото на животните кои биле тестирани не останал вирусот. Професорот вели дека сеуште не е јасно зошто само половина од мајмуните реагирале на вакцината, додека таа не делувала кај другата половина. 

- Во телото се случува борба. Во половина од случаите вакцината ќе победи, но во некои случаи за жал и мене, додава научникот.

Ако новата вакцина ги помине сите проверки, наскоро ќе може да се употребува и кај луѓето.

12.09.2013 - 14:05
Фото: 
Кајгана

најчитано сега