Делчевчани се обиделе да шверцуваат цигари во Бугарија - еве како им пропаднал планот

Неколку делчевчани си заработија кривични пријави за криумчарење.

Се работи за 30-годишниот В.И. 24-годишниот В.М. 28-годишниот Б.Ѓ. и 21-годишниот В.А.  сите од делчевско. В.И. преку неговата фирма набавил 700 штеки цигари и ги спакувал во посебни ранци, а потоа во договор со останатите пријавени, со трактор цигарите ги пренеле во селото Габрово, со намера да ги пренесат во Бугарија.

Откако В.А. кој бил ангажиран како чистач на теренот, им кажал дека има полициски службеници долж граничната линија, истите ги расфрлале цигарите во шумата и се дале во бегство.

12.09.2013 - 13:31
Фото: 
Телма

најчитано сега