Опозицијата бара поништување на изборите во Москва

Денеска  лидерот на рускиот опозициски Алексеј Навални до Московскиот градски суд поднесе барање за поништување на резултатите од изборите за градоначалник на Москва, јави ИТАР-ТАСС.

- Ние на судот му предадовме десетици кутии со жалби против спроведувањето на изборите. Таму има неоспорни и несобрливи докази за тоа дека изборите се незаконски. Во Московскиот градски суд поднесовме барање целото гласање да се прогласи за неважечко, а потоа останатите жалби ќе ги однесеме во реонските судови. Имаме вкупно 951 жалби за работата на изборните комисии, рече Навални.

Според Навални, за време на разгледувањето на жалбите судот треба да ја преутврди процедурата за стапување на должност на избраниот градоначалник Сергеј Собјанин.

Во судот со камион биле донесени документи од 50.000 страници, изјавува Навални.

- Барањето за поништување на изборите се темели на две изборни прекршувања: прво, делењето продукти на пензионерите во територијалните избирачки комисии и составување на списоци за гласање по домовите; и второ, нееднаков пристап на кандидатите до средствата за масово информирање, додаде Навални.

12.09.2013 - 13:04

најчитано сега