Трогателна приказна: "Мамо те послушав и не пиев но тој што ме удри беше пијан - тој живее а јас умирам"

Оваа приказна го трогна светот. Девојче кое умирало откако доживеало сообраќајна несреќа и ги шепотело овие свои последни зборови на новинарката...Ова ќе ви го скрши срцето...

“Мамо, излегов со пријателите. Отидов на една забава и се сетив што ми рече пред да излезам: “Немој да пиеш, ако возиш.” Затоа, испив еден спрајт . Се почувствував горда со себе за тоа што го послушав твојот совет и за разлика од многу мои пријатели бев трезна ! Го направив својот избор, и твоите зборови беа свети за мене.  Кога забавата заврши, луѓето почнаа да се качуваат по своите автомобили, пијани. Јас се качив во мојата кола , и земав неколку пријатели пијани со сигурност дека сум во состојба да возам и да ги однесам дома – живи и здрави . 
Тогаш, Мамо, не можев дури ни да замислам што ме очекува. Нешто неочекувано силно ме удри. Сега сум тука легната – на земјата и прости ми ги слушам полицајците што зборуваат: “Момчето, кое го удри овој автомобил е пијан , но жив е “.
Мамо, гласовите се толку далечни ..! Крвта ми е насекаде и се обидувам со сите сили да не заплачам . Можам да ги чујам и докторите: “Девојката нема да издржи”. 
Сигурна сум мамо дека момчето што ме удри, не сакаше да ме рани. Но зошто …? Тој пиел, а јас треба да умрам. Зошто животот е толку неправеден, мамо? Зошто луѓето го прават тоа , знаејќи дека можат да избришат толку животи ..? 
Мојата болка во моментов е огромна, ме бодат со илјадници ножеви. Мамо, кажи и на сестра ми да не се плаши, кажи му на татко да биде силен. И те молам, оди кај момчето и дај му совет, како што ми даде мене. Можеби, ако неговите родители му рекле да не пие , сега ќе бев жива, мамо! Здивот ми слабее се повеќе и повеќе, и почнувам да се плашам навистина. Тоа се моите последни моменти и се чувствувам толку сама. Сакав да можеше да си до мене сега, мамо, додека сум тука на земјата, додека умирам . Сакав да ти кажам толку работи и сакав да ти кажам мамо, дека те сакам толку многу! Ветувам ќе те чувам, ќе бидам твојот ангел, и ќе те бранам како што направи ти. Збогум мамо. “

Извор: Курир

 

12.09.2013 - 12:12

најчитано сега