ВМРО-ДПМНЕ најавува голем антивладин митинг во Скопје

 

Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ на 2 или 3 јуни во Скопје ќе одржи голем народен митинг против актуелните владини политики, пренесе МКД.МК.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вели дека во партијата во тек е избор на локални раководства односно на претседатели на општински комитети и на раководства на општинските комитети кои се основен двигател на нашата политичка партија.

- „Потоа планираме силни теренски активности, а дел од нив е и големиот народен митинг. Меѓу граѓаните, сакаме да ја пренесеме нашата порака, да ги претставиме нашите концепти кои ги градиме како ново раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Да дадеме јасна критика на Владата и сериозно да го подготвиме членството и симпатизерите, но и да ги поканиме неопределените да ни се приклучат во една силна битка која што ја поведуваме против оваа Влада“, вели Николоски.

- Од оваа власт не очекуваме ништо, напротив очекуваме само ретроградни процеси и очекуваме на тој голем митинг народот масовно да застане до ВМРО-ДПМНЕ, и да ги поддржи политиките што ќе ги предложиме“, рече Мицкоски.

 

 

 

14.05.2018 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега