ДУИ на конгрес во јуни - ќе добие ли Али Ахмети свој наследник

 

Демократската унија за интеграција во јуни ќе одржи Централен совет како највисоко тело меѓу двата конгреси, најави претседателот на партијата, Али Ахмети, по маратонскиот состанок на предводниците на партијата, каде биле донесени заклучоци за континуитет на спроведување на програмата од извршната власт.

-Беа дискутирани и политичките прашања, вклучувајќи го проблемот со името, односите со соседите, интеграцијата во НАТО, системските реформи, извештајот за напредокот на Европската комисија, преговорите со Европската унија, проширувањето на парламентарното мнозинство, јазичната еднаквост итн. Претседателството го констатираше успешниот и ветувачки тек на преговорите за надминување на последната пречка во правец на целосна ЕвроАтлантска интеграција и ги охрабри властите храбро да пристапат кон затварање на долгогодишниот спор со Грција во периодот пред нас - пишува во соопштението од ДУИ.

Од почетокот на годината се појавија информации дека Ахмети планира да се повлече од лидерската позиција на ДУИ.

 

 

 

13.05.2018 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега