ВМРО-ДПМНЕ: Заев потврди дека преку Владата доделил концесија за „Тотал Инжинеринг“
Зоран Заев потврди дека преку Владата доделил концесија на фирмата „Тотал инжинеринг” која е во сопственост на неговиот брат Вице Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Семејството Заеви преку државни ресурси од ден во ден го зголемуваат своето богатство. Јавноста е сведок дека фирмата „Тотал Инжинеринг“ пред само две недели, или поточно на 24 април добива концесија за експлотација на минерални суровини на локација во село Дукатино, општина Василево. Оваа концесија ја добива од Владата на предводена од Зоран Заев. Уште поскандалозно е што самиот Заев јавно кажа дека фирмата „Тотал инжинеринг“ ја продала целата механизација. Јавноста ја интересира како планираат Заеви да вршат ископ во наредните 30 години без механизација? Заев е фатен повторно во лага. Исто како што беа фатени струмичките камиони на Вице во РЕК Битола или давањето земјиште во кругот на струмичката касарна преку посредник, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека овие низа скандали покажуваат каков е односот на Зоран Заев кон државата.
-Власта за Зоран Заев и неговото семејство, претставува само алатка за ширење на нивните бизниси. Република Македонија не е лична сопственост на семејството Заеви. Зоран Заев мора што поскоро да си замине. Граѓаните заслужуваат подобро, наведуваат од партијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа