На повеќе од 600.000 Сиријци итно им е потребна хуманитарна помош

На повеќе од 600.000 лица во Сирија итно им е потребна хуманитарна помош, соопшти агенцијата на ОН за хуманитарна помош.

Во соопштението се додава дека најголемиот дел од лицата на кои им е потребна помош се наоѓаат во тешко достапните зони во околината на Дамаск, вклучувајќи ги реоните нападнати со хемиско оружје и оние што веќе неколку месеци се под опсада.

 Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ) соопшти дека не можел да стигне до зоните, ниту до жртвите на веројатните хемиски напади и покрај многубројните обиди.

12.09.2013 - 11:14

најчитано сега