Преправајќи се дека е бремена се обидела да шверцува кокаин

 

Една 28-годишна Канаѓанка е уапсена на аеродромот во Богота, при обид да прошверцува кокаин во лажен стомак, што требало да ја прикаже како бремена жена.

Таа е уапсена по интервенција на една од полицајките на аеродромот, која не сомневајќи се ја прашала Канаѓанката колку долго е бремена. Кога оваа грубо одбила да и одговори, жената во униформа ја допрела по стомакот и тогаш се изненадила колку е тој тврд, но и студен.

При проверката е утврдено дека туристката од Канада е лажно бремена, како и дека во вешто направениот стомак имало скриено 2,5 килограми кокаин.

Претставник на колумбиската полиција изјави дека ова не е прв пат полицијата да открие шверц на дрога, на аеродромот во Богота. Досега оваа година, околу 150 луѓе се фатени при обидот да изнесат кокаин од Колумбија. Една третина од сите уапсени се странски државјани. 

12.09.2013 - 10:52
Фото: 
Кајгана

најчитано сега