Ова е лицето на монструмот: Уби 13-годишно девојче, а дури сега е откриена грозоморната вистина

Шеесет и девет годишниот маж од Мичиген, кој е во затвор поради убиство на 13-годишно девојче, сега се смета за сериски убиец, соопштила полицијата која е во потрага по уште седум други девојки кои се водат како исчезнати веќе со децении.

Полицијата, користејќи земјоделски алатки и машини, почнала со прекопување на земјиштето во шумата на околу 50 километри северозападно од Детроит, бидејќи се верува дека Артур Рим ги закопал сите свои жртви на истото подрачје.

Полицискиот комесар му се обратил за затвореникот, апелирајќи до него да помогне во истрагата:

“Сакаш ли да бидеш човек сега? Ајде, помогни им на овие семејства. Дај им можност да стават точка на се. Тоа е се што бараме од тебе”, рекол тој.

За Артур тоа не е непознато, бидејќи откако бил осуден за убиството на Синди Заразицки во 2008. година, го одвел инспекторите до нејзините остатоци кои лежеле закопани повеќе од 20 години.

Областа која ја пребаруваат се простира на 24 април. Полицијата го испрашала уште неколку месеци, откако им се фалел на другите затвореници дека е одговорен за смртта на уште шест лица. Подоцна паднал на детектор за лаги.

Артур уште во 1998. година бил осуден на 15 години затвор поради сексуални кривични дела поврзани со деца. Адвокатот кој му бил доделен на судењето во 2008. година, за својот клиент рекол дека “не е симпатичен човек, и дека не е здрав”.

Синди, за чија смрт бил осуден, била девојка на неговиот син. Последен пат била видена на 20. април 1986. година, а обвинителите во текот на судењето рекле да и кажал дека подготвува изненадување за синот и ја повикал. Всушност, роденденот на неговиот син бил неколку месеци претходно.

Меѓутоа, иако ја одвел полицијата до нејзиното тело, Артур негирал дека тој ја убил. Нејзиниот татко рекол дека се надева дека Артур ќе открие и каде се наоѓаат телата на другите девојки.

Меѓу нив се Кимберли Кинг, која исчезнала во 1979. година, Ким Лороу, која исчезнала во 1981. година, Кели Бронвил, која исчезнала во 1982. година. Исто така, властите трагаат и по девојки чии идентитети не се јавно изнесени.

“Ве молам, само кажете ни каде е, да можеме да продолжиме понатаму. Се што сакаме е да ја земеме и да ја погребаме покрај мојата баба”, молела сестрата на исчезнатата Кимберли Кинг.

 

 

 

11.05.2018 - 16:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега