Протекоа фотографии од внатрешноста на лимузината на Путин- ѕирнете како изгледа (фото/видео)

 

Лимузината на Путин која беше специјално направена за него,  јавноста за прв пат имаше можност да ја види за време на инаугурација.

Сега на интернет се појавија фотографии од Внатрешна на Aurus Senat, објавена на автомобилскиот портал RCI News, која беше фотографирана во фабриката за монтажа пред еден месец, додека "Авторевио" претходно објави слики од внатрешноста на основниот модел од семејството на премиум класата на серијата Aurus Senat.

На сликите се гледаат три верзии на внатрешноста на автомобилот, класичниот црн салон со детали од дрво од ружа, бело со маслиново дрво и кафено со делови од "сурови дрва".

Во кабината на седанот се користи комбинација на природна кожа и висококвалитетна имитација на антилоп кожа.

Според замислата на дизајнерите внатрешноста треба да потсетува на современа дневна соба, со многу дрво и многу простор.

Автомобилите на проектот "Kortež" имаат одредени специфични решенија, така што во рамките на мултимедијалниот систем не постои синхронизација за мобилни телефони, со цел да се избегнат ризиците од прислушкување.

Избраниот претседател на Русија, Владимир Путин, на 7-ми мај, присуствуваше на инаугурацијата од својата канцеларија токму од новиот автомобил од проектот "Кортеж", според зборовите на портпаролот на Русија, д-р Дмитриј Песков, на Путин му се допаднала новата лимузина па сакал да се користи за транспорт во извршување на претседателските должности.

 

 

 

11.05.2018 - 16:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега