Детали за нивната врска: Рада секој ден плаче поради Харис
Во последно време Рада Манојловиќ и Харис Берковиќ многу често се караат, а многу малку се гледаат поради што нивниот однос е во криза, пишуваат српските медиуми.
-Не можат да ги прилагодат плановите и обврските. Што и да испланираат им паѓа во вода, а поради обврските ретко се гледаат. Од друга страна, Рада е бесна бидејќи Харис ѝ се меша во работата. Ако продолжат вака, секој ќе си продолжи по свој пат. Иако многу се сакаат, Рада речи си секој ден плаче, вели другарка на Манојловиќ.
Рада не сакаше да зборува за разделба, но призна дека многу често се караат бидејќи тој и се меша во работата.
-Ние двајцата знаеме како ни е во четири ѕида. Нашите кавги се поради работата. Тоа се кавги околу песни, спотови, имаме многу различни мислења, искрена е Рада и додава:
-Често си се мешаме еден на друг во професијата. Мора да кажеме “стоп, повеќе нема да ти се мешам“, вели Рада и призна дека на Харис не му се допаѓа нејзината нова песна.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа