Јанушев: Брндевски за сметка на Заеви се откажал од 1.100.000 евра, за еднособен стан, а Вице Заев од тогаш прави бизнис од 4.5 милиони евра

 

Бизнисот на деценијата кој што го направиле Заеви во Струмица за изградба во струмичката касарна, алудира на злоупотреби и матни зделки, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

-Сомнежот е дека Сашко Брндевски, бизнис пајташот на Заеви во „Сара Инжинеринг“ бил само параванот во целата постапка, односно лицето кое искеширало 700 илјади евра за плац кој го купува на јавна набавка организирана од градоначалникот Зоран, за потоа поголем дел од неа багателно да ја препродаде на фирмите на Вице и Трајче Заев, за еден еднособен стан. Еве зошто тоа е така. Да се работело за ВИСТИНСКИ пазарни математики тогаш сигурно ситуацијата би била поинаква. Зградата која се гради на местото кое Брндевски за џабе го отстапил е со вкупна нето изградена станбена површина од околу 7.000м2, која ја градат фирмите на кланот Заеви и доколку ја продавал по принципите кои важат во градежништвото тогаш Брндевски како сопственик на земјиштето би добил околу 25% од вкупната површина, односно околу 1.700м2 станбена површина. Неверојатно е како Брндевски туку–така се откажал од над 1.650м2, кои ако се продадат по пазарна цена од 650 евра за м2 би му донеле заработка околу 1.100.000 евра, рече тој.

Јанушев потенцира дека Брндевски се откажува од заработка од околу 1.100.000 евра и ја отстапува само за еден еднособен стан кој пазарно вреди околу 25 илјади евра, давајќи го бизнисот на Вице Заев кој претходно го добил од Зоран Заев.

-А, Заеви односно компанијата на Вице и Трајче Заев кој во тоа време е управител имаат потенцијален приход од 4.5 милиони евра. Уште еднаш потенцирам Сашко Брндевски под пазарни услови требало да добие 1.100.000 евра, а всушност добил само еден еднособен стан, додека за целиот бизнис на Вице Заев кој започнува со продажбата на земјиштето токму од Зоран Заев ќе изнесува над 4.5 милиони евра. Значи повторувам приходи од над 4.5 милиони евра. Со вакви матни зделки Заеви добивале земјиште во Струмица во време кога Зоран Заев беше градоначалник. Многу е провидно, потценувачко и апсурдно во една ваква ситуација единствено нешто што Зоран Заев изјавува пред целата македонска јавност е да се жали дека само 60% од бизнисот е реализиран, заклучи генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

10.05.2018 - 15:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега