Приведени четворица косовски државјани, ја снимале касарната „Кузман Јосифовски Питу“

Вчера во 16 часот и 20 минути на улица „Фуштанска“ во Тетово, четири непознати лица со патничко возило „Фолксваген Голф“ со косовски регистарски ознаки со мобилен телефон ја снимале касарната „Кузман Јосифовски Питу“.

Откако реагирало обезбедувањето на касарната, лицата избегале.

Во 17 часот и 45 минути на регионалниот пат Тетово – Јажинце, кај с.Глоѓи, полициски службеници го сопреле наведеното возило во кое се превезувале Х.Б. (48), Ф.Л. (36), Ј.Л. (74) и Ф.Л. (28), сите од Косово, по што биле приведени во СВР Тетово.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

10.05.2018 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега