Ѕирнете како изгледа приватиот авион на Ким Џонг-ун (видео)

Авионот со кој лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун неделава пристигна во Кина официјално се нарекува „Чамае-1" (гугутка - птицата национален симбол на неговата земја). Сепак, некои западни медиуми го нарекоа леталлото - „Ер форс Ун" - како изведенка од „Ер форс Уан" и името на лидерот.

Авионот е произведен во Советскиот Сојуз, и е украсен со натпис „Северна Кореја“, знамето, грбот и уште еден натпис кој вели: „Претседател на Комисијата за државни работи", како што гласи официјалниот назив на функцијата на Ким.

Лидерот на Северна Кореја не е претседател на земјата, оти таа титула се уште му припаѓа на неговиот дедо Ким Ил-сунг кој почина 1994 година.

Ретки се приликите внатрешноста, а снимките се преземени од севернокорејските медиуми. На масичката од лакирано дрво, се гледаат телефон, рутер и лаптоп во сребрена боја.

Но, и покрај префинетиот изглед, познавачите изразуваат сомнеж во безбедноста на авионот, пред се поради староста.

Ким и неговата сопруга првпат беа видени во авионот во 2014 година Ким редовно користи авион, за разлика од неговиот татко Ким Џонг-ил кој и не сакаше авиони, па патуваше само со воз.

 

 

 

10.05.2018 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега