ФОТО: Страшна сообраќајка кај Кочани - еден загинат 8 деца се борат за живот

 

Страшна сообрачајка вечерва околу 19:30 часот се слулила во близина на кочанското село Оризари. Како што информира полицијата, аа лице место загинал 63 годишниот Миле Давитков од кочанско Градовци, а тешко биле повредени 8 откако се превртел тракторот и приколката на кои се превезувале. Децата се тешко поредени и се префрлени во Ургентниот центар во Скопје.
Според Зоран Зафиров, портпарол на СВР-Штип, до несреќата дошло откако трактор со приколка во која се превезувале 16 лица, повеќето малолетници кои биле на излет, се превртел во близина на местото Илин дол на патот меѓу кочанските села Пресека и Оризари.

ФОТО: Курир

најчитано сега