Мицкоски: Ако Заев сака да го згрижи Хоџа нека го вработи во некоја од семејните фирми (видео)

 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото денешно видео-обраќање рече дека лична работа на Заев е желбата да сака да му помогне и да се грижи за семејството на Џезаир Шаќири.

– Двајцата делат иста идеологија и исти вредности. Сепак, тоа што се политички истомисленици и постигнале некаков меѓусебен договор, не му дава на Заев за право да го вработува на висока функција во владата и да го плаќа со пари на граѓаните. Но, тука е важна и една друга порака. Се уште немаме одговор на прашањето кој го заробил, и кој го ослободил Танушевци, и зошто доколку било тоа така надлежните органи не реагирале и не ја известиле јавноста. И суштинската дилема останува, доколку некој се дрзне да направи некое незаконско дело, нападне полиција или нешто слично, наместо да биде санкциониран добива место во Владата. Ова е случај каде се рушат вредности, а преседанот станува правило, рече Мицкоски.

Тој додаде дека е опасно ваков човек да биде поставен на така висока и чувствителна функција.

– Човекот е на американската црна листа, а сега треба да добива информации кои се државна тајна и да советува околу безбедноста. Го повикувам премиерот Зоран Заев да го раскине договорот за вработување на Џезаир Шаќири во Владата и доколку толку многу сака да помогне можеби е добро да го вработи во неговата семејна компанија Тотал инженеринг. Убеден сум дека чесните граѓани на Македонија не би сакале да финансираат некој што се заканувал и велел дека доколку имал оружје, Македонците ќе ги протера од овие простори. Воедно предупредувам дека одговорност мора да се понесе, и не толку далеку од сега ќе мора да дадат одговори за ваквото деструктивно однесување, рече Мицкоски.

 

 

 

07.05.2018 - 17:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега