ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Заев ветуваа демократија и транспарентност, а единствено што спроведуваат е самоволие

Министрите на Владата предводена од СДСМ продолжуваат со своето непочитување кон Собранието на Република Македонија и непочитување на пратениците како претставници на граѓаните. Денеска министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска не присуствуваше на  јавната расправа на Комисијата за труд и социјална политика на која се дискутира за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за вработување на инвалидни лица, истакнуваат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

-Крајно несериозно и неодговорно е што министерката Царовска не присуствува на јавна расправа за вака важен закон за граѓаните на Република Македонија. Очигледно министерката не ја интересираат забелешките на пратениците, инвалидските организации, невладините организации и останатите стручни лица во однос на овој закон. Со ваквиот однос министерката Царвоска уште еднаш покажа и докажа дека Владата на Зоран Заев спроведува самоволие и нема слух за забелешките на граѓаните и опозицијата. Од друга страна министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски доцнеше повеќе од еден час на Комисијата за транспорт, врски и екологија на која на дневен ред е Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и други важни точки од делокругот на оваа комисија. Ова не е прв пат министрите на Зоран Заев да се однесуваат со непочитување кон највисоката институција во Република Македонија и кон пратениците, велат тие.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ велат дека несериозноста на министрите се покажа и на последната седницата за пратенички прашања која што се одржа 26.04.208 година.

-Министрите на Владата наместо да седат во пленарната сала и да одговараат на пратенички прашања, тие не беа присутни во салата и имааа поважни работи отколку да одговараат на прашањата на опозициските пратеници, а со тоа и на прашањата на граѓаните на Република Македонија. Скандалозно и лицемерно е ваквото однесување од страна на луѓе кои кога беа во опозиција ветуваа дека Владата ќе го почитува Собранието на Република Македонија и пратениците како претставници на граѓаните. Остро регираме и се спротиставуваме на ваквото однесување на министрите на Зоран Заев. СДСМ и Зоран Заев ветуваа демократија, транспарентност, инклузивноста и соработката, а единствено што спроведуваат е самоволие, порачуваат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

 

 

 

07.05.2018 - 14:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа