Новата албанска Влада брои шест министерки

Претседателот на Албанија Бујар Нишани го прифати предлогот за состав на новата влада на премиерот Еди Рама.

Вчера Нишани му го даде премиерскиот мандат на Рама и побара од него да го состави новиот владин кабинет.

Списокот со предлогот за новата влада Рама вчера му го достави на претседателот, а денеска потпишаниот указ е објавен на сајтот на претседателот и тој стапува во сила веднаш.

Владата на лидерот на социјалистите Еди Рама брои дваесет и еден член.

За потпретседател на владата избран е Нико Пелеши, шеф на дипломатијата Дитмир Бушати, Саимир Тахири прв полицаец, а прв човек на одбраната е жена, Мими Кодели. Министер за финансии е Шкелќим Цани, за евоинтеграции Кладја Ѓоша, за правда Насип Начо, министер за транспорт и инфраструктура Едмонд Хаџинасто.

За првпат во албанската влада на шест министерски места се поставени жени: одбрана, евроинтеграции, урбан развој и туризам, за образование и наука, за култура и за иновации и јавна администрација.  

Во текот на утрешниот ден во албанското собрание ќе се гласа за изборот на новата влада.

11.09.2013 - 16:31
Фото: 
Сител

најчитано сега