ФОТО: Папата за подарок доби автомобил стар 20 години

 

Италјански свештеник  дон Ренцо од  Верона му подари на папата Франциско, „рено 4“ старо цели дваесет години. Тој со него пристигнал во резиденцијата на папата во Ватикан и пред камерата на ББС му го предал автомобилот.

Дарежливиот свештеник за автомобилот кој има поминато 300.000 километри, вели дека никогаш не го изневерил. Решил да му го подари на папата бидејќи бил трогнат од настојувањата на Франциско кој сака црквата да им ја врати на сиромашните.

 Папата со насмевка на лицето го примиЛ подарокот и веднаш седнал да го испроба.

Со желба да поттикне штедење и скромност во црквата, тој апелира да се избегнува возење на прескапи автомобили.

11.09.2013 - 16:17

најчитано сега