„Косовската забрана е политички мотивирана“ - косовскиот спикер распали по Мимоза Кусари
Косовските медиуми денеска објавуваат дека во земјата постојат несогласувања околу косовско ембарго, за што дел од политичарите ја обвинуваат тамошната влада.
Според тамошните медиуми, претседателот на косовскиот парламент Јакуп Красниќи излегол со реакција на одлуката на косовската Влада за блокирање на производите од Македонија. Тој, пренесуваат медиумите, го обвинил косовскиот премиер Хашим Тачи, дека одлуките во косовската Владата се носат од заменик-премиерката и министерка за трговија и индустрија, Мимоза Кусари. Според Красниќи, одлуката за ембаргото е мотивирано од претстојните избори во Косово.
- Паѓа во очи премиерската улога на заменик-премиерката Кусари. Да не е ова во функција на престојните локални избори? Зошто ова настојување на нашата влада да докажат машкост кај Блаце, а не и во Брисел и на граничните премини со Србија. Овие се прашања за кои се потребни одговори. Не знам, но некои велат „Да не се случува ова за отргнување на вниманието на главните проблеми кои ги има земјата“? Едно се знае, ова не е работа на министрите? Кој е премиер тука?, вели Красниќи, пренесува Експрес.
Оваа изјава на Красниќи е уште еден показател дека косовската блокада е политички мотивирана и дека во Косово владее поделеност во ставовите за последните потези на косовската Влада.