Цел живот ја користиме погрешно цедалката за шпагети - ова е вистинскиот начин

Како вие ги цедите тестенините? По ова откритие, се ќе биде многу полесно, а вие ќе се прашувате како до сега не сте се сетиле на ова!

Кога подготвуваме тестенини обично ја земаме цедалката, ја местиме над мијалникот и ги претураме тестенините од садот во неа, со цел да ја истуриме целата вода, а притоа се обидуваме да не се изгориме од топлината или пареата, што најчесто не ни успева.

Неодамна еден човек на Твитер се одлучи да сликовито да ни објасни како се користи цедалката и да ни ги отвори очите на сите.

Значи, цедалката ја ставаме горе над садот во кој се вареле тестенините, а потоа ја цедиме водата без да ги поместиме истите, па тие остануваат онаму каде им е местото – во садот за готвење.

Сигурно сега добро се замисливте и се прашувате како до сега не се сетивте на ова.

 

 

 

03.05.2018 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега