СДСМ: Со новиот Закон за високо образование, универзитетите им се враќаат на професорите и студентите
Од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија порачуваат дека ќе продолжат со спроведување на мерките за унапредување на образованието.
- „Пратениците од владејачкото мнозинство вчера го изгласаа Законот за високо образование, кој обезбедува поголем квалитет на образованието и автономија на универзитетот. Со новата законска регулатива универзитетот што досега свесно беше ставен на маргините на општеството, повторно станува важен дел на системот. Ја обезбедуваме уставно загарантираната академска слобода, достоинство на професорите и на студентите и го враќаме угледот на универзитетот. Три основни начела се вградени во новото законско решение: почитување на автономијата на универзитетот, дизајнирање на нов начин на управување со универзитетот, како и решавање на суштинските прашања, квалитетот и финансирањето во високото образование“ изјави Петар Атанасов од СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа