СДСМ: Мицкоски останува на браникот на криминалот, корупцијата и расипништвото

 

СДСМ денеска реагираа на обвинувањата на Мицкоски.

Христијан Мицкоски одново пропушти прилика да се дистанцира од политиките на поделби и деструкција на неговиот претходник Никола Груевски што беа силно поразени од мнозинството граѓани.

Со тоа Мицкоски покажува дека останува на браникот на криминалот, расипништвото и корупцијата што неговата партија и неговиот Груевски ги правеше цели 11 години.  

Мицкоски досега е запаметен единствено по продолжување на деструктивните политики и ширењето на лажните вести.

Македонија тргна напред како едно општество за сите, модерна држава пријател на регионот и Европа и никакво деструктивно дејствување на ВМРО-ДПМНЕ нема да го запре процесот на реформи, интеграција и развој.

 

 

 

03.05.2018 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега