Меган Маркл го стави принцот Хари на диета

 

Вообичаено е пред свадбата, невестата да се стави на посебен режим на исхрана. Сепак, во случајот со Меган Маркл и принцот Хари, работите стојат малку поинаку.

Имајќи предвид дека нивната свадба ќе ја пренесуваат медиуми од цел свет, принцот, согласно препораките на свршеницата, уплатил месечен тренинг од 575 фунти во ексклузивен центар за вежбање. Тоа, заедно со диетата, исто така препорачана од Маркл, донесе доста видливи резултати.

- Тие купија соковник, од најквалитетните брендови, и таа сега го храни со зеленчуково-овошни мешани сокови. Не му дозволува месо, изјави за „Дејли Меил“ извор близок до двојката, кој претпочита да остане анонимен.

Така, принцот Хари месечно губи по околу три килограми. 

 

 

 

30.04.2018 - 21:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега