Сокрил четири килограми сребро по џебови и пепелници - македонската Царина спречи шверц на "Богородица"

 

Царинските службеници од граничниот премин Богородица спречија обид за криумчарење на поголема количина непријавен сребрен накит.

Како што денеска соопшти Царинската управа, за влез во Република Македонија, вчера во 17 часот се пријавило патничко моторно возило со српски регистарски таблички управувано од државјанин на Република Србија, придружуван од неговата фамилија. На прашањето на царинскиот службеник дали имаат да пријават нешто истите одговориле негативно. Под сомнение во изјавата, цариските службеници го селектирале возилото за детална контрола при што на повеќе места во возилото, меѓу кои потпирачот за рака помеѓу двете предни седишта, околу менувачот, во просторот под пепелникот, во џебовите од јакна оставена на задното седиште, во патна торба во багажниот простор како и при извршен личен претрес на возачот во предните џебови од панталоните и околу вратот под блузата, се пронајдени 4.210 грама различен сребрен накит. Пронајдени се 222 прстени, 140 пара обетки, 160 привезоци, 61 нараквица, 71 синџирче, 4 алки и друго.

Накитот е привремено задржан, а против сторителите е отпочната кривична постапка.

најчитано сега