Несреќа на патот Гостивар - Кичево - директен судар меѓу автомобил и мотоцикл

На магистралниот пат Гостивар - Кичево, вчера во 12:20 часот во близина на Мавровска крстосница, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Пасат“ со тетовски рагистерски таблици управувано од 48-годишниот З.М. од село Мала Речица и моторцикл „Јамаха“ со скопски регистерски таблици, управуван од 30-годишниот М.Ф.од Скопје. 

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот и неговата сопатничка, 28-годишната Б.А. и тие со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во гостиварската болница, но потоа биле препратени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. 

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот.

 

 

 

29.04.2018 - 13:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега