Драмата продолжува: Лекарите го исклучија од апарати, но детето е се уште живо
Продолжува драмата во Ливерпул, каде 23-месечниот Алфи Еванс веќе трет ден е жив и покрај тоа што лекарите од болницата „Алдер Хеј“ го исклучија од апаратите кои го држеа во живот.
Според проценките на лекарите, детето боледува од неизлечива дегенеративна неуролошка болест и болницата, со посредство на судот, а спротивно на желбата на родителите, реши да престане да му пружа лекарска помош.
По исклучувањето од апаратите кои му помагаат да дише во понеделникот, лекарите очекуваа дека Алфи набргу ќе почине, но детенцето остана живо. Родителите Том и Кејт бараат од болницата да му дозволи да го однесе Алфи на натамошно лекување во Италија, која му даде државјанство на детенцето откако папата Франциско лично интервенираше и побара да се вложат натамошни напори за да се продолжи неговиот живот.
Германска лекарска екипа е во подготвена да го пренесе Алфи во детската болница Бамбино Гесу во Ватикан, но според Високиот суд во Ливерпул, се работи за давање лажна надеж на семејството и лекарската проценка треба да се смета за валидна.
Лекарите не се во состојба да ја дијагностицираат болеста на Алфи, но тврдеа дека тој нема да може да дише самостојно откако ќе биде исклучен од апаратите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа